| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку чекори за повеќе енергија

Постојат денови кога едноставно не можете да станете од кревет и дури и најмалите задачи изгледаат невозможни. Со помош на следниве 6 стратегии, ќе можете да го повратите нормалното ниво на енергија.

sreka

1. Зајакнете го мозокот, исклучете го телевизорот

Најголем дел од нас го завршуваат исцрпувачкиот ден на каучот, пред телевизорот, со неколку епизоди од омилената серија. Ова се должи на фактот што мнозинството луѓе мислат дека гледањето телевизија е релаксирачка активност. Но, гледањето телевизија всушност е активност што го заморува мозкот, а како што стареете, тој замор станува сѐ поизразен. Затоа, наместо да го затапувате мозкот, стимулирајте го! Излезете на прошетка, бидејќи времето поминато во природа го нормализира нивото на енергија и го подобрува фокусот.

2. Не правете драстични промени

Сите знаеме дека храната што ја внесувате во текот на денот ќе направи разлика помеѓу ден исполнет со енергија и ден во кој не можете да направите ништо. Но, најчесто не ви е потребно да направите целосна промена на исхраната. Доволно ќе биде да направите мали измени. Најголем дел од луѓето посегнуват по кафе, чај со мед или темно чоколадо кога им е потребна енергија. Лошата страна на овој потег е тоа што со ваквата навика се создава затворен круг на повишување и снижување на нивото на шеќер во крвта, со што доаѓа до варијации во нивото на енергија. На вашето тело му е потребна постојана енергија, за што е потребна стабилна и постојана здрава исхрана.

3. Држете се до програмата за вежбање

Неоспорен факт е дека трошењето енергија при вежбање создава повеќе енергија. Во просек, физички активните луѓе имаат повеќе енергија отколку неактивните. Најверојатно ова се должи на фактот што вежбањето стимулира невротрансмитери, како што е допамин, кој во мозокот создава зголемено чувство на енергија. Затоа, кога чувствувате дека немате доволно енергија, не го прескокнувајте тренингот, туку целосно посветете се на новата сесија.

4. Слушајте музика

Музиката прави да се чувствувате добро, ментално и физички. Според последните истражувања, музиката може да ја намали анксиозноста, да го снижи крвниот притисок и да го намали нивото на стрес-хормоните. Со ова, доаѓа до зголемување на нивото на хормоните кои предизвикуваат пријатни чувства. Затоа, следниот пат кога ќе се почувствувате мрзливо и поспано, пуштете си ја својата омилена плеј-листа и опуштете се.

5. Престанете да паничите

Најголемата иронија е во тоа што енергијата воопшто не ни се исцрпува од пренатрупаниот распоред или од напорните тренинзи. Енергијата ни се троши од ситниците во денот кои ни предизвикуваат стрес, како што се на пример: сообраќајниот метеж, редовите на шалтер, конфликтите со колегите. Кога сте соочени со стресна ситуација, срцето започнува забрзано да ви бие, стрес-хормонот кортисол побргу доаѓа до сите делови од телото, мускулите се грчат, а мозокот станува хиперактивен. Како последица на тоа, стнаува деконцентрирани, нивото на енергија брзо опаѓа и вие се чувствувате како да ве прегазил воз. Затоа, кога ќе се соочите со стресна ситуација, најдоброто нешто што можете да го направите за своето здравје е да се фокусирате на длабокото и правилно дишење, со што ќе се неутрализираат ефектите од стресот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top