| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа ли крајот на христијанството на Блискиот Исток?

idva-kraqt-na-hristiqnstvoto-v-blizkiq-iztok-337622

Блискиот Исток во наредните десетина години, може да остане без христијани, прогнозира британскиот весник „Индипендент“.
Според извештајот на организацијата „Помош за црквата“, поради активностите на екстремистите од Исламската држава (ИД) во Ирак и Сирија, следбениците на Исус може да исчезнат од регионот каде што се појавила оваа светска религија.
Поради верските чистења, вршени од муслиманските екстремисти од ИД и другите групи, во последните четири години само во Сирија, бројот на христијаните е намален од 1,25 милиони, на 500 000 луѓе, посочуваат авторите на документот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top