| четврток, 6 декември 2018 |

Астротеорија за сродни души: Денес е најважниот ден за самците

За време на ноември, астролошкиот знак на Сонцето е Скопрпијата, обележјето на сродните души. Меѓутоа, не се работи за астрологија, туку за синхроницитет.

Синхроницитетот е верување дека универзумот ни праќа пораки кои ни говорат дека сме на правиот пат, или дека време е да го промениме правецот. Со оглед на тоа што универзумот не може директно да ни се обрати, мора да бидеме свесни за сигналите кои се околу нас.

Тие можат да бидат во вид на случајни средби, статии или цитати кои се појавуваат во вистинско време, па дури и броеви и иницијали.

Една од најпознатите низи е 11:11.

Оваа низа може да биде 11, 111, 1111…

Ако погледнете број 1 кој се повторува, тоа е јасен сигнал дека универзумот го подесува внатрешниот часовник во состојба на узбуна или големо будење.

Секвенцата 11:11 е во цврста врска со сродните души.

Кога ќе ги погледнеме тие броеви, универзумот ни зборува да обратиме внимание на мислите и на чувствата, да се ослободиме од логичките дела и да ги пратиме интуицијата и срцето.

Ноември е 11-тиот месец, а на 11 ноември универзумот се подготвува да ни приреди ултимативно космичко будење.

Прочитајте повеќе на elephantjournal.com.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top