| четврток, 6 декември 2018 |

Овој Босанец објасни зошто нема девојка и го воодушеви регионот

Босанецот Емир Беговиќ можеби на ниту една девојка нема да и даде прстен и златен синџир, но со објаснувањето зошто е сам го воодушеви регионот. Неговото објаснување ви го пренесуваме во целост.

emir_1000x0

Зошто немам девојка?

Решив да го напишам овој пост по подолго време. Денес  за жал се и секој се нарекува девојка. Колку пофин и поубав се однесуваш кон неа толку таа повеќе ќе трга од себе. И самиот доживеав многу непријатни ситуации. Секоја девојка со која се разбирав или бев во врска ме оставаше со изговор „ти си фин“, ти си материјал за брак, досадно е сега да сме заедно подобро кога ќе дојде време за мажење, а јас тоа го разбрав во овој стил:ти си фин но мене ми треба некој со кој ќе преживеам се, да се забавувам, да ме проба целата, а тогаш кога ќе решам да станам сериозна и ќе ме помине пола град тогаш ќе ми треба некој фин за брак. Бедно, жалосно.

Голем број на девојки на Фејсбук споделуваат статуси :„Нема фини момчиња“, „Фините не постојат“, „Мажите гледаат само изглед“, а јас штом ќе видам статус од овој тип веднаш девојката која го објавила ова ја бришам од пријатели. Оние кои се жалат и се нешто пишуваат се возат наоколу со клошари,  идиоти и сељци кои и психички и физички ги малтретираат т но тие сепак остануваат во врска со нив зошто ги „сакаат“. Ниту една не цени тоа што си фин, ниту една не сака да оди во кино или театар туку сакаат да се забавуваат во дискотеки и ноќни клубови каде до зори се „бањаат“ во алкохолот.

Некој ќе рече дека јас барам на погрешни места, но тоа не е точно. Џамија, библиотека, парк, стадион, кафулиња, ноќни клубови… Ова се сите места на кои „барав некоја нормална“ но ја нема. Ќе и пријдеш во живо со цел да ја запознаеш, плачат како момчињата не им приоѓаат, а тогаш ќе се случи таканаречено „глумење лудило“ и секое момче како мене е доживее понижување. Им приоѓав и на „убавите“ и на „грдите“ девојки и на оние непопуларни во друштво но исто се случуваше. Едно пишуваат, а друго прават.

Во животот досега научив дека колку ви се поскапи шишињата на масата толку се поевтини девојките околу вас. Девојката треба да биде синергија на убавина, софистицираност и стил, да биде образувана, да сака, да не и пречи вниманието. Подобро е да бидеш сам отколку душата и срцето да ги дадеш на личност која тоа не знае да го цени, кој можеби нема ниту шанса да ти даде, а ако и ти даде прилика на крајот ќе те „откачи“.Да ви каже на вас Емир, можеби јас сум роден во погрешно време и на погрешно место, а можеби пак денешните девојки не знаат да ги цената вистинските работи!

Ви благодарам на вниманието.

емир фејс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top