Навивачи на белградска Црвена Звезда вчеравечер, по завршувањето на кошаркарскиот мечот меѓу МЗТ и српскиот клуб во рамките на АБА-лигата, биле избодени во центарот на Скопје, објави српски „Телеграф“.
Порталот објавува и фотографии од нападнатите фанови. Еден завршил во болница на операција, откако бил прободен во градниот кош, а другиот има исекотина под окото.
– „Седнавме во ресторан и во рок од две минути се појавија 15-20 луѓе со ножеви и со палки и без никаква провокација од наша страна почнаа да не удираат крвнички – ја пренесува српски „Телеграф“ изјавата на навивачот Стефан Јовановиќ.
Овој портал истакнува дека се работело за група Албанци, која ги нападнала навивачите на Црвена Звезда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст