| четврток, 6 декември 2018 |

Утре на пладне пратениците ќе гласаат за новите министри

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, свика нова пленарна седница за утре, 11 ноември 2015 година во 12,00 часот со следниот предлог на дневен ред: Предлог за избор на членови на Владата на Република Македонија и Предлог за именување на заменици министри во Владата на Република Македонија.

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, ќе биде новиот министер за внатрешни работи, актуелниот Митко Чавков ќе биде негов заменик. Фросина Ременски ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика. Диме Спасов останува во министерството но како заменик министер на предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Како заменици министри СДСМ ги именува Кире Наумов во министерството за финансии, Александар Кирацовски во информатичко општество и администрација а шефот на кабинетот на Заев, Љупчо Николовски ќе ја извршува функцијата во Министерството за земјоделство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top