| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока тепачка поради навреда на „Фејсбук“

facebook karanica

Тројца скопјани претепале 25-годишник откако претходно жолчно се расправале на социлајната мрежа „Фејсбук“. Тепаниот завршил во болница со расекотини по глвата.

МВР јави дека вчера околу 7.45 часот, во Скопје, на  булеварот Партизански одреди, поточно во трговскиот центар „Порта Влае“, С.П. (25) од Скопје бил физички нападнат од  Ж.П. (37), Г.Ѓ. (22), А.П. (25) и од Е.М. (29), сите од Скопје, при што бил удрен со шише по главата, а Ж.П. со употреба на нож му нанел повреда во пределот на левата надлактица.

С.П. со возило на Брза помош бил пренесен во градската болница„8 Септември“ за укажување на лекарска помош, каде што му се констатирани телесни повреди. Од  разговорот  со С.П. е дознаено дека причина за физичкиот напад била претходна расправија на „Фејсбук“ со наведените лица.

По кратко време се пронајдени и приведени осомничените лица, извршен е разговор со истите и по целосно расчистување и документирање на случајот, против истите СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top