| четврток, 6 декември 2018 |

Најпопуларно име за девојчиња во светот го носат и голем број на женски деца во Македонија

Моментално најпопуларно име на светото за девојчиња го носат и  голем број на женски деца во Македонија. Лесно се изговара на голем број на јазици,  значи „мудрост“.

564191c8-e278-4b1a-93db-458f0a0a0a64-cute-little-baby-girl-wide-718x446

Едно женско име е пред сите други кога зборуваме за светска популарност, а до овој заклучок дошол американскиот експерт за имиња Лаура Ватенберг. Најпопуларното име за девојчиња е – Софија. Помеѓу земјите во кои има најмногу Софии се Мексико, Италија, Русија и САД.

Лаура Ватенбер, експертот за имиња која ај направила анализата, вели дека името Софија ги преминува културите и границите.

-Фасцинантно е тоа на колку различни јазици и во толку различни култури едно име звучи еднакво. Тоа сигурно зборува нешто за начинот на кој денес се пренесува културата – изјавила Лаура за Лајв Сајанс.

balerini37

Софија е помеѓу првите 25 имиња во две третини од земјите кои водат статистика за зачестеноста на давање на одредени имиња на децата, најмногу во Европа и Америка, но една генерација пред оваа, ова име воопшто не беше популарно. Моменталната популарност на ова име Лаура го објаснува со фактот  дека лесно се изговара на различни јазици и дека значи „мудрост“.

За разлика од Софија која го освојува светот, имињата инспирирани со религијата како што се Марија и Ивана се сѐ поретки.

cc00151ad5dfb90729f0c7608e4ecc73

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top