На ќерката на Стив Ирвин, покојната ѕвезда на телевизиската емисија „Ловец на крокодили“, Бинди Ирвин, судот ѝ го одбил договорот со американското издание на „Танц со ѕвездите“ поради недостиг од докази дека нејзиниот татко е, навистина, мртов. Оваа одлука го збуни и шокираше целиот свет.
Девојката има 17 години, а според законот нејзините родители мора да се изјаснат за тоа што ќе биде со заработката што ја остварува нивното дете бидејќи се работи за малолетно лице.
Таа веќе осма недела се натпреваруваа во оваа емисија, така што досега заработила повеќе од 230.000 долари.
Нејзината мајка Тери потпишала формулар со кој се откажува од правата да располага со хонорарот на ќерка ѝ, но на судијката во Лос Анџелес Марлен Нелсон тоа не ѝ беше доволно. Го отфрлила договорот што Бинди го потпишала со „Еј-Би-Си“ со образложение дека без соодветен доказ дека нејзиниот татко „неотповикливо и трајно“ се одрекнува од тие пари, „судот не може да констатира дека во најдобар интерес на малолетникот е да се почитуваат условите од тој договор“.
Оваа пресуда предизвика неверување бидејќи за несреќата на австралискиот зоолог и ТВ-ѕвездата пишуваа сите светски медиуми и ретко кој не знае за неа бидејќи беше бизарна.
Ирвин снимајќи ја новата серија „Најопасните животни во океанот“ во 2006 година, починал од убод на ража, која не спаѓа во оваа категорија.
Но судијката не обрнувала внимание на тоа, па поради непотполната документација и недостатиг од посмртница го отфрлила договорот со ова бизарно бирократско образложение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.