| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе можат ли бегалците да си најдат работа во Европа?

Масовниот наплив на бегалци во Европа создаде мноштво социјално-економски проблеми во земјите од ЕУ. Еден од нив е барањето работа на мигрантите. Без работа, интегрирањето во земјите од ЕУ е невозможно, а самите бегалци се појавуваат во незгодно време за националниот буџет, пишува рускиот „Иносми“.

Според податоци на агенцијата за труд во Германија, повеќето бегалци од Африка, Азија и од Блискиот Исток немаат современа професија или специјална подготовка, па затоа ним ќе им биде исклучително тешко да си најдат работа. Истраживањата во Германија и на Австрија покажаа дека нивото на квалификацијата и на образованието на новопристигнатите е значително пониско отколку на локалните жители, вклучително и на странците што живеат во ЕУ. Дури и на подлг рок ќе биде тешко да се подигне тоа ниво. Среучњаците коментираат дека објавените податоци треба да ги отрезнат политичарите, вклучително и канцеларот Ангела Меркел, која неуморно повторува дека Европа ќе се соочи со тој проблем. Задно со тоа стана очигледно дека бегалците се исклучително комплицирана и скапа задача. Германските и австриските берзи на трудот ангажираат илјадници работници за да обработат документи и да ја организираат трудовата адаптација на новодојдените.

Проблемот доби драматичен карактер и пред појавата на оваа обемна миграција. Официјално во Германија влегле 800,000 бегалци, но има прогнози дека до крајот на годинава нивниот број може да достигне до 1,5 милиони души. Еден бегалец месечно ја чини Германија скоро 1000 евра. Финансиското бреме на германските провинции и општини заради напливот од бегалци непрекинато расте. Според најновите проценки, расходите ќе се згомеат за седум милијарди евра за половина милион бегалци на 16 милијарди евра со пристигнувањето на 1,2 милиони души. Според локалните власти, парите кои се издвојуваат до федералниот буџет се апсолутно недоволни.

До неодамна, германските политичари, економисти и редица претставници од бизнисот го коментираа позитивниот ефект од миграцијата за економијата на земјата. Тие тврдеа дека земјата е во демографска криза и дека протокот на работна сила благопријатно ќе се одрази на пазарот на трудот, како и на потрошувачката. На почетокот, Германија реагираше позитивно на „бегалскиот бран“, затоа што се сметаше дека тоа ќе може да реши редица созреани проблеми. Во однос на раѓањата, земјата е на едно од последните места во ЕУ, а се постарото население се повеќе ги оптоварува пензиските фондови и здравствениот систем. Беа објавени податоци според кои без протокот на мигранти, раотоспособното население на Германија ќе се стопи до 2030 година за неколку милиони.

Но во пракса, овој обид го покажа сосема спротивното. Претседателот на федерацијата на градежниот бизнис Михаел Книпер, веќе испрати отворено писмо во главниот синдикат на односниот сектор, со кое бара да се напушти „наивната вересија“ за позитивниот ефект од миграцијата врз пазарот на трудот. Тој посочува дека новите работници меѓу мигрантите лошо ги разбираат инструкциите на германски јазик и воопшто не одговараат на професионалните стандарди. Според германските власти, 75 проценти од сиријците, и 83 проценти од авганистанците, имаат основно или нецелосно средно образование, а во пракса никој не добил професионално образование. Сегашната состојба е соема различна од минатото, кога во Германија пристигнуваа луѓе со определена квалификација.

За професионална подготовка на мигрантите ќе бидат неопходни милијарди евра, а освен тоа ќе бидат потребни колосални расходи за нивно социјално и здравствено осигурување. Федерацијата на гредежниот бизнис излезе со ставот дека е подобро тие милијарди да се вложат во нови техлологии. Германија не страда од недостиг на квалификувана работна сила, а истовремено неквалификуваните работници се во изобилство, посочуваат авторите на писмото.

Сериозни сомневања за наводната полза од мигрантите изразија двајцата видни германски економисти, Ханс Вернер-Зин, директор на Институтот ИФО во Берлин, и Бернд Рафелјушен, професор по економија на Универзитетот во Фрајбург. Според нив, интеграцијата на бегалците на пазарот на трудот во Германија ќе ја принуди земјата да се откаже од принципот на минимална плата, затоа што продуктивноста на „новодојдените“ е многу пониска. Од своја страна, тоа ќе удри врз целата категорија нископлатени работници. Освен тоа, бегалците уште долго време ќе бидат бреме на социјалниот систем и тие сами за себе нема да натрупаат доволно работен стаж за да добијат пензија. За да ги покрие дополнителните социјални расходи, Германија ќе треба да ги покачи даноците. Според податоци од министерот за труд и социјални грижи, г-ѓа Андреа Налес, бројот на оние кои добиваат минимална социјална помош ќе порасне од 460,000 во 2016 година на еден милион во 2019 година.

Оптимисти посочуваат дека 55 проценти од бегалците се на возраст под 25 години, и дека уште не е доцна да добијат професионална подготовка. Само што, како што велат експерти од Арбејтсагентур, на среден рок во иднина на пазарот на трудот најверојатно ќе можат да се вклучат само 50 проценти од новодојдените. Според информации на весникот Велт, 70 проценти од бегалците кои почнале да посетуваат курсеви за професионална подготовка, ги прекинале затоа што не се подготвиле за обуката на германски јазик. Освен тоа, многумина уште не се зафатиле да учат германски јазик затоа што за таа цел е неопходно да се има постојано жителство, а таквата молба може да се разгледува и до неколку години. Истовремено, бројот на неписмените е исклучително висок меѓу младите бегалци, особено авганистанците, а многумина имаат незавршено средно образование. Тие би можеле да бидат насочени кон работа за која не се бара специјална подготовка, како што е грижата за ворасни луѓе, служење во хотели и кафе барови. За таа цел, всушност, се бара да бидат омекнати строгите германски закони во областа на трудот. Освен тоа, во сегментот на нископлатена и нискоквалификувана работа веќе има голема конкуренција, што пак ја отвара заканата од пораст на невработеноста. Едноставно, за сите емигранти нема да има доволно неквалификувана работа, а за добивање на повисока квалификација тие немаат доволно навики, а често и желба.

Специјалистите од Арбејтсагентур дошле до заклучокот дека интегрирањето на бегалците на пазарот на трудот во Германија ќе оди исклучително бавно. По првата година, работа ќе си најдат осум проценти, по пет години 50 проценти, а по десет години 60 порценти од бегалците. Слична е и ситуацијата и во други европски држави. Во Швајцарија, на пример, по три години престој во земјата, работа си наоѓаат 20 проценти од емигрантите и бегалците, а по 10 години, 45 до 60 проценти од нив.

Скептицизмот за перспективите бегалците да бидат работоусмерени расте и кај владеачката партија, Христијандемократскиот сојуз (ХДС). Според партискиот економист Карстен Линеман, кој е одговорен за средниот бизнис, во таа сфера се исцртуваат сериозни тешкотии. И покрај оптимистичките изјави на канцеларот Ангела Меркел, сосема е јасно дека не може да се обезбеди работа за сите бегалци.

Во последниве недели, раководители на редица европски компании (меѓу кои е и генералниот директор на Ербас, Томас Ендерс) со високи тонови објавија декларација за неопходнпоста за што побрза трудова интеграција на емигрантите. Ендерс ги повика властите да го либерализираат пазарот на трудот по американски образец, така што секој кој сака да може да си најде работа. Само што во Европа, каде на сила се строги трудови и социјални норми, тоа е невозможно. Бегалците не можат слично на мексиканците работни емигранти во САД, или пак како средноазиските гастарбајтери во Русија, веднаш да се влејат во пазарот на труд и да работат за помалку пари од локалното население. За таа цел, европејците треба да ги сменат „социјалистичките закони“ кои гарантираат минимална плата според одработени часови. Како резулат на тоа, бегалците се приморани со години да преживуваат од социјална помош. Томас Ендерс отворено рече: „Подобро е да си на пазарот на труд со ниска плата, отколку да си без работа и да ги губиш работните навики“.

Заради тоа, европските компании не горат од желба да им даваат работа на мигранти. Малку слободни места (по десетина) дадоа Сименс, Дајмлер и Дојче телеком. Притоа, тие сакаат да ангажираат работнци со вишо образоваие, кој збруваат германски и англиски јазик. Во Автстрија, најголемиот концерн во прехрамбената индустрија, Реве, додели 500,000 евра за удомување на бегалците, и понуди 20 до 30 места во училишта за бегалците. Тоа е капка во морето во споредба со дестиците илјадите бегалци кои пристигнаа во оваа алпска земја. Проблемот таму е што нема доволно работа ниту за самите австријци. Берзата на трудот објави 32,000 слободни работни места, а работа бараат околу 380,000 души.

Заклучокот на специјалистите е едногласен: во Германија и во Европа во целина, не се бара нискоквалификувана работна сила во тој обем. Веќе има такви примери – не само во Германија, туку и во соседна Франција, каде во 60-ите и 70-ите години од минатиот век пристигнале милиони мигранти од земји од Африка и од Блискиот исток. Тие наоѓаа работа во секторот на услуги, во градежништвото и во автомобилската индустрија. Со текот на времето, неопходноста од таква работна сила опадна, но мигрантите останаа во Европа и започнаа да живеат од социјална помош. Имено, во средините каде живеат тие емигранти, кои се мнозинство муслимани, се изроди градска субкултура која ги отфрли европските работни и цивилизациски вредности. Во Франција, интегрирањето на муслиманите не се оствари, дури и по 50 години, во кои се сменија три поколенија мигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top