| четврток, 6 декември 2018 |

ЕК со условна препорака за преговорите, оценка по изборите во април 2016 година и двапати „македонски”

еу

Извештајот за Македонија е дел од пакетот за проширување за 2015 година донесен денеска од страна на Европската комисија, а кој предмалку пред Европскиот парламент го претстави и комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, јави дописникот на МИА од Брисел.
Во клучните точки од извештајот за Македонија, Комисијата заклучи дека процесот на пристапување на земјата е во еден критичен момент.
– Во светлина на досегашниот напредок во имплементацијата на политичкиот договор од јуни/јули, Комисијата е подготвена да ја даде својата препорака за отворање на пристапните преговори со БЈР Македонија. Ова, сепак, е условено со континуираното спроведување на политичкиот договор од јуни/јули и значителен напредок во спроведувањето на приоритетите за итни реформи. На ова прашање ќе се навратиме повторно по изборите, стои во извештајот.
Во однос на политичките критериуми, во клучните точки на извештајот за Македонија, ЕК нотира дека „сериозни предизвици се пријавени во претходните години со тешка нагласена политичка криза во земјата по 2001 година, а во однос на пресретните комуникации, каде според неформалната Влада на ЕУ „очигледно се вклучени високи владини претставници, а истите сугерираат кршење на основните човекови права, мешање во независноста на судството, слободата на медиумите и изборите, како и на корупција.
– Распаѓањето на политички дијалог и тешкотиите при утврдувањето на консензуалните прашања уште еднаш ги нагласија поделбите на политичка култура во земјата. Загриженост за сите овие прашања се покажува и во претходните извештаи за напредокот. Фокусот треба да продолжи да биде ставен на спроведување на „приоритетите, а итна реформа” на Комисијата и на политичкиот договор во целост и со добра волја – се нагласува во извештајот.
Што се однесува до меѓуетничката ситуација, исто така се наведува дека ситуацијата и понатаму е кревка. Настаните во текот на годината го покажале значењето на проактивни мерки за решавање на меѓуетничките проблеми, градење поголема доверба меѓу заедниците, вклучувајќи и преку проектот на преглед на Охридскиот рамковен договор. ЕК нотира и оти Македонија активно учествува во регионалната соработка и понатамошното развивање на билатералните односи со соседите.
– Прашањето за името се уште не е решен. Одржувањето добрососедски односи, вклучувајќи и постигнување на заеднички прифатливо решение за прашањето за името, под покровителство на Обединетите нации, останува од суштинско значење – стои во извештајот.
Во однос на економските критериуми, ЕК нотира дека Македонија е на добро ниво на подготовка во развој на функционална пазарна економија. Придобивките на земјата од стабилна макроекономска средина, со поддршка на здрава монетарна политика, според ЕК создаваат поволни услови за влез на пазарот, како и на формирање на здрав правен систем. Сепак, според ЕК, имаше некои назадување во управувањето со јавните финансии, а дека „развојот на вкупниот јавен долг останува проблем, додека невработеноста останува висока на 28 проценти.
– Буџетот треба да биде повеќе насочена кон раст и вработување, а треба и да се подобри неговиот целокупен дизајн, транспарентност и спроведување. Економијата е умерено подготвена за справување со конкурентскиот притисок и пазарните сили во рамките на Унијата. Сепак, земјата мора да ги подобри можностите за вработување на луѓе, особено на младите, преку подобро усогласување на образованието со потребите на пазарот на трудот, подобрување на врските помеѓу директните странски инвеститори и домашната економија, и подобро да се даде приоритет на инвестициите, нотира ЕК за Македонија.
Во однос на усогласеноста на македонското со европското законодавство и способноста на Македонија да ги преземе обврските од членството, Комисијата вели дека „земјата има релативно добро ниво на усогласеност со европското законодавство, но дека е потребен поголем фокус на административните капацитети и на нивна ефективна имплементација.
– Во повеќето области, земјата е умерено подготвена, вклучувајќи ги областите на јавните набавки, статистиката и финансиската контрола. Потребни се понатамошни напори во одборот, особено во оние неколку области каде што земјата е во рана фаза на подготовка, како што се слободата на движење на работници и на климатските промени – се заклучува во клучните точки што ЕК ги издвои во извештајот за напредокот на Македонија во евроинтеграциите за 2015 година.
Во извештајот, придавката „македонски се наоѓа како и минатата година, само двапати на 80 страници од извештајот, притоа во однос на нотирање на „македонската Влада и на македонската администрација”. Оваа придавка може да се забележи и при именувањето на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со образожението на кратенката, како и на „Македонската асоцијација на новинари (МАН).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top