Тие се едни од омилените јадења во светот, евтини и вкусни. Но, прекалорични. Сто грама тестенини содржат околу 390 калории, а поголемиот дел од нив во телото се претвораат во шеќер, односно сало.
Сепак, сега постои начин како да ги намалите калориите кај тестенините. Сѐ што треба да направите е да не ги јадете веднаш по готвењето, додека се сѐ уште топли. Оставете ги да се оладат, а потоа повторно загрејте ги. Овој трик беше отркриен во емисијата „Trust me, I’m a doctor“, која се емитува на „Би-Би-Си“.
Во неа на присутните им биле давани тестенини, а потоа им бил мерен шеќерот во крвта на секој 15 минути.
Тие што јаделе свежо сварени тестенини имале поголемо ниво на шеќер во крвта за разлика од тие што чекале тестенините да се оладат.
Со други зборови, греењето на ручекот или на вечерата кога се тестенините во прашање е подобра и поздрава опција за вашето тело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.