| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто треба да се јаде месо?

Црвеното месо, поточно говедското, свинското и јагнешкото имаат огромно влијание врз балансот на исхраната поради својата висока нутритивна вредност. Месото е главен извор на протеини, а исто така содржи и многу важни минерали, особено цинк и железо, како и витамините Б и Б12.

Најважно од се е дека црвеното месо е најздраво доколку потекнува од стока која е природно хранета и која пасела трева. Исто така, многу е важен начинот на приготвување на месото: доколку се изложува на премногу високи температури, на чад од дрва или ако прегори, тогаш станува штетно. Здравото приготвување подразбира долго варење во вода, или краткотрајно печење без многу масти.

Протеини

Како главен извор на протеини, месото помага кај чувството на ситост и на телото му помага во обновување на изгубената енергија. Покрај тоа, оваа намирница е богата со протеините кои помагаат во контрола на телесната тежина, односно, го отстранува ризикот од преголемите осцилации во килажата.

Железо

Железото е клучен материјал за формирање на црвените крвни клетки, а токму недостигот на овој важен минерал доведува до појава на анемија. Некои делови од популацијата се особено загрозени, а истражувањата покажале дека на пример, дури четвртина од жените на возраст од 19-64 имаат недостиг на железо.

Црвеното месо содржи посебен вид на железо, кое многу побрзо се апсорбира во човековиот организам отколку железото кое се наоѓа во мешунките, оревите или салатите.

Цинк

Цинкот е важен поради здравото функционирање на имунолошкиот систем, растот и плодноста. Црвеното месо е извор на апсорбирачки цинк, а луѓето повеќе од 30% од дневните потреби го внесуваат токму преку оваа намирница.

Минерали

Во месото можат да се пронајдат минерли како што се калиум и селен, кои се одлични антиоксиданти кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и канцер.

Витамини

Цреното месо е извор на витамини од Б-групата: Б3 (ниацин), Б6 и Б12. Овие витамини не может да се пронајдат во зеленчукот, а заначајни се поради зголемнувањето на бројот на црвените крвни зрнца и енергијата која е неопходна. Уште еден важен витамин кој се наоѓа во месото, а тоа е витаминот Д, кој во комбинација со калциум и фосфор влијае врз силата на коските и забите.

Масти

Иако постоеше мислење за опасноста од мастите од црвеното месо, неодамнешните истражувања покажаа дека процентите на тие масти се значително помали од она што луѓето сметаат.

Редукцијата на мастите е настаната пред се’ поради новите трендови за одгледување на стоката. Целосно обработено свежо говедско месо содржи 4,3 проценти масти, свинското месо 4 а јагнешкото месо околу 8% масти.

Во споредба со сирењето кое има 34% масти овие бројки се значително помали. Речиси петтина од мастите пронајдени во црвеното месо се од групата незаситени, што значи дека се здрави и лесно се дигестираат.

Омега 3 масни киселини 

Во помали проценти црвеното месо содржи и омега – 3 масти кои се пресудни за здравјето на срцето. Со исклучок на рибата, нема многу намирници кои можат да се пофалат со овие резултати. Особено се важни лицата кои јадат малку и оние кои не јадат риба.

Сол

Свежото црвено месо во себе не содржи голема количина на сол. Во текот на термичката преработка спремањето на бургери или колбаси се додава сол, па така овие намирници се препорачува да се одбегнуваат, односно да се консумираат најмногу еднаш седмично.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top