| четврток, 6 декември 2018 |

Роберт де Ниро ќе станува русин?

robyrt-de-niro-shte-stava-rusnak-337248

Американскиот актер Роберт де Ниро, не ја исклучувa можноста да поднесе барање за руско државјанство. Наградeниот актер во 1976 година со „Оскар“ за најдобра машка улога во филмот „Таксист“, на отварањето на својот ресторан во Москва, изјави дека нема ништо против да добие пасош од најголемата по територија држава во светот.
Де Ниро, сепак додаде дека е рано да се зборува за поднесување на формално барање. Претходно беше соопштено за желбата на британскиот боксер Ленокс Луис да земе руски пасош.

Една од првите ѕвезди, која зема пасош на Руската Федерација по анексијата на Крим, беше Жерар Депардје.
Францускиот актер избега од својата татковина, откако претседателот на западно европска држава, Франсоа Оланд, воведе данок на богатство. Уметникот избега во Русија и доби пасош лично од Владимир Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top