| четврток, 6 декември 2018 |

Намалено аерозагадувањето во Скопје, Тетово, Кавадарци и во Кичево

Во Тетово, Кавадарци, Кичево и во во скопските општини Лисиче и Центар утрово концентрациите на ПМ 10 честичките се над дозволеното, но пониски од претходните денови.

zagaduvanje-vo-skopje-1

Во осум часот мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат концентрација од 230 микрограми на метар кубен во Тетово, Битола 149, Кавадарци 68, Кичево, 46, Лисиче 73 и во Центар 44.

Во Карпош, Гази Баба и Ректорат концентрациите се под максимално дозволените од 35 микрограми на кубен метар.

Град Скопје со цел намалување на загадувањето од завчера почна со третирање на улиците со калциум магнезиум ацетат. Акцијата почна од булеварот „Св. Климент Охридски“ и улиците „Св. Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“, а наскоро ќе се прошири и на други локации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top