Без разлика колку национални суеверија носи со себе, секој посетител на Италија би било добро да знае барем десет чудни суеверија, кои се дел од италијанското секојдневие.
Бројот 17 е многу поопасен за Италијанците во споредба со бројот 13. Високите згради немаат 17. кат. Во многу хотели нема соба со бројот 17, а во станбените згради нема станови со број 17, затоа нема ни поштенско сандаче или електромер со овој број. Истото важи за местата во авионот и во други превозни средства.
Петок 17 е најлошиот ден во календарот. Се претпоставува дека суеверието датира уште од антички Рим и е поврзано со правописот на 17 со римски бројки XVII. При нивното разместување се добива зборот VIXI кој на латински значи „живеев“ и често се среќава на надгробни натписи.
Бројот 13 има доста ограничено присуство во италијанскиот правилник и на масата не смеат да седнуваат точно 13 луѓе, што се поврзува со Тајната вечера во Библијата, на која Јуда бил последниот, тринаесетти, сместен на трпезата.
Здравицата во Италија, исто така, бара особено внимание. Таа никогаш не треба да се крева со чаша вода, ниту пак да се крстосуваат рацете при чукање со чашите. Во тој момент, луѓето треба да се гледаат во очи и задолжително да отпијат голтка пред да ја спуштат чашата назад на масата, инаку ги очекува седум години лош секс.
Урочувањето е исклучително сериозна закана за Италијанците, кои внимаваат да не добијат комплимент од некој зависник со „лошо око“. Заштитата е веднаш едната рака да се скрие зад грбот,и да го направи гестот на „рогови“, насочени надолу.
Столбовите на уличното осветлување се безопасни, додека секој пријателски пар ги заобиколува само од едната страна. Ако парот биде разделен од столбот, тоа значи крај на пријателството.
Остри предмети, дадени како подарок, исто така значат дека ќе се расипе пријателството. Затоа се дава монета на оној што подарува и пријателството се задржува.
Слика на некој близок не смее да се остава на креветот, бидејќи носи лоша среќа.
Кривата кула во Пиза е светско чудо и атракција, но ако студент се искачи на нејзиниот врв, тоа значи дека никогаш нема да дипломира.
Истовременото изговарање на еден збор од двајца соговорници, бара секој од нив да се допре веднаш за носот, инаку нема да се ожени или омажи.
Празна погребална кола се толкува како знак дека може да е наменета токму за оној што случајно ја гледа на улица. Спасот е мажите да се фатат веднаш за препоните, а жените да ги допрат градите, што носи среќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.