Кога е во прашање старлетата Ким Кардашијан, јавноста веќе се навикна на секакви испади и модни катастрофи во обид да го привлече вниманието.
Откако е повторно во блажена состојба, Ким по се изгледа не може да го прифати фактот дека телото и се менува, па на сите можни начини се обидува да изгледа сексапилно.
Во тие обиди, се добива впечаток дека старлетата малку се загубила и тргнала во ептен непримерни модни води.
Кога се појавила на филмска гала вечер во Лос Аџелес, повеќе разголена од облечена, дефинитивно успеала во својата намера – го привлече вниманието со помош на „кич“ фустанот која го открива речиси секој сантиметар од нејзиното тело.
Но доколку се суди според коментарите на светските медиуми и социјалните мрежи, единственото што и успеа на Ким е повторно да се посрамоти. Особено се гневни бремените жени кои се сложи во мислењето дека ваквата модна комбинација е вистинска срамота за состојбата во која се наоѓа Ким.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.