| четврток, 6 декември 2018 |

Источна Македонија во инфраструктурна експанзија

пат

Изградбата на патот Кочани – Делчево, Штип – Радовиш, регионалниот пат Тораница-Саса, реконструкција на делниците од Делчево до Голак и од Пробиштип до зимскиот туристички центар Пониква, како и продолжувањето со градба на автопатот Миладиновце – Штип во Источна Македонија се  дел од капиталните проекти за следната година.

Според податоците на Јавното претпријатие за државни патишта, станува збор за капитални проекти со вкупна вредност од 560 милиони евра, чија реализација ќе го зголеми економскиот, социјалниот и територијалниот развој на земјата.

Вкупната должина на патиштата од 185,5 километри, која се очекува во источна Македонија за следниот период, ги опфаќа: автопатот Штип-Миладиновце од 47 километри и инвестиција од 206 милиони евра, Штип-Радовиш од 39 километри и инвестиција од 65 милиони евра, Штип- Кочани со вкупна должина од 26 км и инвестиција од 56 милиони евра, КочаниДелчево со должина од 30 км и инвестиција од 10 милиони евра, рехабилитација на патот Делчево-Голак со должина од 11,5 км и инвестиција од 1,7 евра должина, изградба на патот Тораница-Саса со должина од 19 км и инвестиција од 10 милиони евра и изградба на патот Пробиштип-Пониква од 13 км, инвестиција од 5 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top