| четврток, 6 декември 2018 |

Бенитез: Нашите грешки нѐ чинеа пораз

rafa benitez

Реал Мадрид синоќа во дербито во Андалузија го доживеа првиот пораз оваа сезона во Примера дивизија откако беше совладан од Севилја со 3-2.
Лошата игра кој беше евидентна во поголемиот дел од натпреварот и немање контрола на средината на теренот вклучувајќи ја и одбраната која делуваше раштимано, беа главните причини за поразот. По измената на Рамос поради повреда уште во првото полувреме, се чини дека колата на Реал тргна низ брдо.
Тренерот на Реал, Рафа Бенитез, главните причини за поразот ги наоѓа кај играчите.

– Иако изгледаше дека имаме контрола на мечот, не беше така. Нашите грешки им овозможија да играат подобро. Требаше да го решиме натпреварот, но не се случи тоа. Добро игравме првиот половина час, но им дозволувавме прекини – вели Бенитез.

Реал падна на третото место на табелата со четири бода помалку од лидерот Барселона, со која ќе се сретне по репрезентативната пауза…

– Имаме време да се опорават повредените играчи. Ќе биде тоа сосема поразличен натпревар од овој – дополнува Бенитез.

„Ел Класико“ на програмата е на 21. ноември од 18:15 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top