| четврток, 6 декември 2018 |

На чекор од рајот на земјата (фото)

veli1Погледнете како изгледа рајот на земјата. Северниот Ари Атол е еден од оние делови на светот, кои со златни букви се запишани  во соништата на нуркачите.
Дел од него е остров Халавели, едно од најубавите места на Малдиви.
veli4 (1)На малиот и изолиран остров, кој нуди извонредно бели песочни плажи, опкружени со тиркизните води на океанот, се наоѓа хотелот „Halaveli“ од ланецот „Constance“.
veli5Одмаралиштето со пет ѕвездички има облик како заобленото традиционално малдивско чамче „Dhoni“, а секој дел од него е толку поразително убав, што дури изгледа нереално.
veli6

veli8

veli9Ова луксузно одмаралиште на гостите им нуди 57 неверојатни вили во вода, секоја со свој инфинити базен.
veli10

veli7На островот се наоѓаат 28 вили, како и една претседателска.
veli13veli12

 

veli15

veli16Токму во неа престојувал и еден од најдобрите тенисери во светот, Рафаел Надал.

Традиционалната малдивска кујна, комбинирана со јадења од сите краеви на светот, се приготвува во трите ресторани на островот, „Jahaz“, „Jing“ и „Meeru“.
veli17За доброто расположение се грижи „Jing Bar“, а двете винарии нудат неверојатни вина, но и мали богатства, на пример шише шампањ, пробано лично од најпознатиот агент во светот, Џемс Бонд.

За телото на туристите во одморалиштето се грижат од „Spa de Constance“, а за душата многуброен тим кој нуди забава како сурфање и нуркање.
veli3Но најневеројатното доживување на островот останува можноста да се допреш до магијата на коралните гребени и локалните луѓе кои живеат во хармонија со природата. Вклучувајќи ги и ајкулите, кои секој ден непречено пливаат на неколку метри од брегот.

veli2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top