Во моментов полицијата го има блокирано влезот на зградата каде што е сместена абдоменалната хирургија на Државната клиника во Скопје.
Утрово таму се случил вооружен инцидент, кога, наводно, незадоволен пациент пукал во доктор. Настанот се случил на третиот кат на зградата.
Според непотврдени информации, докторот е ранет во ногата.
Пациентите и персоналот сè уште се исплашени, а зградата била испразнета од пациентите што чекале преглед.
Од МВР потврдуваат дека имало инцидент, но повеќе детали за случајот се најавени за подоцна.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст