| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватската Влада зависи од МОСТ

prgometБез МОСТ нема да се состави Влада, ние ќе одлучиме како таа ќе изгледа и кој ќе биде нов премиер- посочи утрово преку медиумите кандидатот на независната листа МОСТ на хрватските избори, Драго Пргомет. МОСТ ќе биде последна која ќе предизвика предвремени избори, значи подготвени сме да разговараме и соработуваме со оние кои се подготвени за реформи, додава поранешниот член на ХДЗ.

Кандидатот на политичката опција која изненади на овие избори со, до сега 19 пратенички места, спроти изедначеноста на ХДЗ и СПД, посочи дека почитувајќи ја волјата на граѓаните кои „сакаат промена“ ќе ги водат разговорите исклучиво врз база на реформите.

-Кој сака да разговара со нас, треба да е подготвен дека можеби ќе ги загуби следните избори- вели Пргомет, кој додаде дека се подготвени да преземат одговорност. Разговорите најаи дека ќе бидат јавни и отворени

Според него не е возможна голема коалиција меѓу ХДЗ и СДП.

-Од денеска ништо не е како порано во хрватската политика. Времето бара сериозни промени во општеството. Ова можеби е последниот танц на ХДЗ и на СДП. Се зависи од нив, дали сакаат промени или само посакуваат власт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top