| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно пророштво на тибетските монаси: Што ќе се случи по 2015 година?

Една од карактеристиките на тибетската култура е склоноста кон употреба на духовната моќ за доаѓање до јасни слики за иднината.

Имено, туристи од Индија имале несекојдневна можност да сведочат на неверојатно предвидување од страна на тибетските монаси, за време на посета на еден тибетски манастир.

Монасите тврделе дека светските сили се движат кон уништување, но и покрај тоа светот нема да биде уништен.

Помеѓу светските сили ќе продолжат несогласувањата кои ќе прераснат во војни. Тероризмот и тајните војни ќе бидат главни проблеми. Тие предвиделе дека во светот на политиката, ќе се случи нешто големо и тоа околу 2015 година.

Целиот свет ќе биде во исчекување да се случи најлошото. Ќе се случуваат тешки политички маневри и преговори, но ќе има многу мал напредок. Светот ќе се стреми кон нуклеарна војна.

Сепак, како што предвиделе монасите, натприродна духовна сила ќе го спаси светот од уништување.

Она што е исто така интересно, е што монасите се насмеале „под мустаќ“ кога туристите им поставиле прашање во врска со НЛО-то кое се појавило над Кина, па рекле дека нас не надгледуваат вонземни сили. Во тој поглед на човековата врста нема да и’ биде дозволено да има удел во менување на иднината.

Монасите споменале дека по 2015 година, нашата цивилизација ќе сфати дека се наѕира крајот на видиците на науката и технологијата и дека светот ќе се насочи кон духовното а не материјалното.

По 2015 година, технологијата ќе се насочи кон еден поинаков развој и правец. Луѓето ќе ја спознаат целта на духовното, односно поврзаноста помеѓу телото, душата и  умот. Според нивните тврдења, иднината на нашата планета е благословена. Планетата земја е спасена повеќе пати, а луѓето не се свесни за тоа. А како што технологијата ќе напредува, луѓето ќе станат се посвесни дека духовните сили ја спасувале планетата земја цело време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top