| четврток, 6 декември 2018 |

Безбедно: Овие намирници може да се јадат и по истекот на рокот за употреба

Ако видите дека се ближи истекот на рокот на траење на намирниците не морате сите да ги фрлите бидејќи постојат намирници кои може да се конзумираат и по истекот на рокот.

Јајца

Јајцата во фрижидер може да бидат три до четири дена  и по ситекот на датумот за употреба наведен на пакувањето. Со стареењето јајцето губи на квалитет, па ако ги планирате за некакви колачи, подобро да ги прескокнете. За да проверите дали јајцето е свежо наполнете далбока чинија со водат и внимателно ставете го јајцето-свежото јајце веднаш ќе потоне.

Житарки

Кутиите со житарки за појадок имаат ознака до кога важат, а всушност се рабопти за чиста претпоставка на производителот дека тој производ и понатаму ќе има еднаков квалитет до наведениот датум. Житарките ќе бидат свежи и нималку опасни за јадење и три месеци по истекот на рокот на траење.

Јаболка

Јаболката ставете ги во пластична кеса на која ќе издупчите неколку дупки за воздухот за може да циркулира. Чувајте ги во фрижидер, а јаболката ќе бидат свежи и по три недели.

Салами

Херметички затворена индустриска салама можете да ја чувате и до две недели по изминувањето на рокот втиснат на пакувањето.

Јогурт

Јогуртот кој стоел во фрижидер може да се користи без опасност барем уште седум до десет дена по истекот на рокот на траење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top