| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје се прскаат улиците против загаденост

Скопје и денеска е најзагаден град во Европа. Според мерните единици во градот, многу високо загадување или неколку пати повисоки ПМ 10 честички измерени се во Карпош, по што следи Центар, Лисиче, Тетово.

Луѓето се жалат на здравствени проблеми, ја избираат неделата за прошетка заради малиот број на возила по скопските улици.
Градот почна со една од мерките против загадувањето. Три улици во близина на мерната единица спроти зградата на Нова Македонија се попрскаа со средство  калциум магнезиум ацетат. Асфалтот стана лизгав, па надлежните ставиле знак со дозволена брзина од 40 километри. Замириса на оцет…
Градоначалникот очекува средството да ја намали загаденоста од 10 до 30%. Најави дека 6 цистерни ќе прскаат и по другите загадени општини во Градот.  По еднаш до два пати во денот, обавезно рано сабајле кога честичките се паднати на асфалтот и само ако времето е суво…
Од средството или пак од некој друг фактор, според мерните единици, пред да се прска имало повеќе ПМ честички во воздухот од потоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top