Раководните органи на Унијата се подготвуваат да поднесат план, според кој на африканските земји ќе биде укажана значителна материјална помош во замена за враќањето на десетиците илјади мигранти од Европа. Ова го пишува “Сандеј телеграф”, повикувајќи се на сопствени извори во Брисел.
Министрите на земјите членки на ЕУ имаат развиено радикален план за регулирање на сегашната миграциска криза, наведува весникот. Во ЕУ се подготвени на значителни финансиски и други отстапки само и само за да упатат назад било и дел од 800-те илјади мигранти на континентот.
На африканските земји – главно Етиопија, Судан, Уганда и Кенија – ќе бидат обезбедени близу 1,3 милијарди фунти (2 милијарди долари). Во скоро време за целта требало да биде формиран специјален фонд, од кој средствата ќе се трошат за враќање на мигрантите од Европа и за обезбедување на сè што им е потребно за живот во наведените земји.
За да ги убедат африканските влади да го прифатат десетиците илјади бегалци од Брисел се подготвувале да понудат визни олеснувања за квалификуваните кадри од континентот.
По тој повод весникот ја цитира изјавата на Најџел Фараж, лидерот на Партијата за независност на Велика Британија (ЈУКИП), која се залага за излез на земјата од ЕУ и за затворање на границите за мигранти: “ЕУ има намера да ја запре масовната нелегална имиграција од Африка, како ја направи легална. Тоа едноставно е некакво безумие “.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.