Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари работна посета на Република Србија.
За време на посетата, министерот Попоски се сретна со српскиот министер за надворешни работи и потпретседател на Владата, Ивица Дачиќ, а оствари средба и со српскиот премиер Александар Вучиќ.
На средбите, како што соопшти МНР, потврдени се определбите на двете земји за понатамошен развој на билатералните односи во сите области од заеднички интерес, како и намерата за зајакнување на економската соработка.
Соговорниците разговарале и за евроинтеграциите и се согласиле дека ќе продолжат меѓусебно да се поддржуваат на европскиот пат.
Со оглед на тоа дека Македонија и Србија се соочуваат со голем прилив на мигранти од Блискиот и Средниот Исток, соговорниците истакнале дека двете држави се подготвени да ја продолжат меѓусебната координација, како и координацијата со нивните европски партнери во решавањето на ова прашање.
На средбата е нагласена важноста од одржување на мирот и стабилноста во регионот и од двете страни е изразена подготвеност дека ќе продолжат да даваат придонес во остварување на оваа цел. Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска оствари работна посета на Република Србија.
За време на посетата, министерот Попоски се сретна со српскиот министер за надворешни работи и потпретседател на Владата, Ивица Дачиќ, а оствари средба и со српскиот премиер Александар Вучиќ.
На средбите, како што соопшти МНР, потврдени се определбите на двете земји за понатамошен развој на билатералните односи во сите области од заеднички интерес, како и намерата за зајакнување на економската соработка.
Соговорниците разговарале и за евроинтеграциите и се согласиле дека ќе продолжат меѓусебно да се поддржуваат на европскиот пат.
Со оглед на тоа дека Македонија и Србија се соочуваат со голем прилив на мигранти од Блискиот и Средниот Исток, соговорниците истакнале дека двете држави се подготвени да ја продолжат меѓусебната координација, како и координацијата со нивните европски партнери во решавањето на ова прашање.
На средбата е нагласена важноста од одржување на мирот и стабилноста во регионот и од двете страни е изразена подготвеност дека ќе продолжат да даваат придонес во остварување на оваа цел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)