| четврток, 6 декември 2018 |

Тиквеник: Најпопуларна брза есенска диета

tikva so semki
Тиквата е една од најбараните есенски намирници, а таканаречената диета Тиквеник е совршена за овој период од годината. Диетата се држи најмногу една недела, а може да се загубат дури до 5 килограми.

Уште подобро е ако оваа диета ја држите три дена последователно, потоа да се направи пауза од една недела, па уште два -три пати да ја повторите. Резултатите се неверојатни, а тоа ја прави Тиквеник диетата најпопуларна брза есенска диета.

Единствена маана на Тиквеник е што е монотона диета. Правилото е – дозволено е да се јаде тиква во текот на целиот ден во сите облици, а дневното мени кое дозволува 2 килограми тиква изнесува само 700 килокалории.
Печена тиква се препорачува за појадок и вечера, пожелно е да биде зачинета со цимет (кој го забрзува метаболизмот), а за ручек може да се направи вкусна порција динстана тиква или пире од тиква, кое може да го посолите и да го комбинирате со 300 грама свеж зеленчук.

Оброците не се стриктно одредени и може да јадете тиква повеќе пати во текот на денот, на начин на кој најмногу ви се допаѓа. За три дена можно е да загубите два до три килограми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top