Многу успешни жени, без разлика дали се работи за политичарки, актерки, старлети или модни дизајнерки, се соочуваат со бројни критики, па дури и отворена омраза упатена директно кон нив.
А тој феномен е уште поинтензивен со појавата на друштвените мрежи. Интернет мрежата впрочем е преполна со професионални „хејтери“ (мразачи), а во тоа често голема предност имаат токму жените.
За омразата кон демократската кандидатка за американските претседателски избори, Хилари Клинтон, напишани се и бројни книги, а помеѓу најомразените лица од малите и големите екрани се најдоа и Гвинет Палтроу, Кристен Стјуарт, Карла Бруни, Амал Аламудин – Клуни, Викторија Бекам, Ким Кардашијан и Мајли Сајрус.
И покрај постојаниот раст на популарноста во американските истражувања на јавното мислење, Клинтон и понатаму за многу Американци останува една од најантипатичните личности на политичката сцена.
Во својата книга „My Life On The Road“, познатата американска новинарка и активистка Глорија Стајнем се обиде и да го објасни непријателството на американските жени кон Хилари Клинтон.
Таа смета дека многу нејзини сонароднички едноставно не можеле да ѝ простат на поранешната прва дама на Америка што му го прости на својот сопруг Бил Клинтон неверството и што со тоа го спаси својот брак „поради чист интерес“.
Во Холивуд, за антипатиите кои што ги побудува ѕвездата на филмот „И ѓаволот носи Прада“, Ен Хатавеј, отворено се говори и во ТВ-емисиите, додека нејзината колешка Гвинет Палтроу се најде на самиот врв на листата од најомразени актерки која што ја состави магазинот „Стар“.
Поединечни ѕвезди, како Ким Кардашијан, на жените не им се допаѓаат поради својата упадлива убавинa и хиперсексуалноста.
Други, пак, затоа што се постојано намуртени иако животот им пружил буквално сè, како Викторија Бекам и Кристен Стјуарт.
Истражувањето на професорот Џојс Бенесон од Универзитетот Харвард покажа дека жените се подложни да ги мразат жените кои што им се надредени, но дека немаат никакви проблеми да соработуваат со оние со кои што се на исто професионално ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.