Жељко Јоксимовиќ за српски Курир тврди дека неговиот роден град Ваљево е поднебје богато со таленти и призна дека неговата мајка го терала да се занимава со музика.
Пејачот се потсети на своите музички почетоци, кога во раното детство ги воодушеви родителите кога за прв пат им засвири. Тие одлучиле да го поддржат синот, па му купиле хармоника.
– Мајка ми беше таа која беше болно амбициозна и која секој пат ми зборуваше – ти можеш ова. И колку и да мислев дека не е во право, секогаш се испоставуваше дека навистина била во право. Ми даде ветер во грбот. Еден ден дојде татко ми и кога слушна како свирам, отиде во продавница и ја даде цела плата за да ми купи хармоника – призна Жељко.
Пејачот неодамна го објави новиот албум, а како што кажува неговите деца се музикални. Ќерката Мина запишала музичка академија, а малиот Коста почнал да реагира на мелодиите на својот татко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Драма на пат: Жељко Јоксимовиќ тргнал на настап, па доживеал непријатност!
-
Јоксимовиќ се во Атина: Остануваме овде, нема паника, но низ улиците е пусто
-
Го препознавате ли момчето со хармоника? Тој е денеска најпознат музичар на Балканот
-
„Од класика до вариете“ со виртуозите на хармоника Александар Коловски и Анна Кришталева