Излезе новиот оглас на Академијата за менаџери при Министерството за образование и наука што се реализира во соработка со Академијата за менаџери.
– Очекуваме до 16 ноември да аплицираат лицата кои се заинтересирани за модулот за менаџирање, а до 23 ноември во делот на модулот за работа со финасии – најави денеска заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Годинава повторно доделуваме 40 стипендии од кои 15 за модулот за системско менаџирање, 15 во делот на претприемништвото и 10 во рамки на модулот за анализа на финансиите.
– Верувам дека и оваа година, како и минатите, ќе има огромен интерес и повторно ќе бидат искористени сите стипендии кои ги доделува МОН во соработка со Академијата. Апелирам сите заинтересирани граѓани од јавниот и приватниот сектор да аплицираат за да ги добијат овие средства во висина од 30.000 денари – изјави Ристовски во одговор на прашање по увидот во градежните активности за изградба на новиот објект на основното училиште „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода.
Потсети дека огласот се објавува четврта година по ред и дека досега се доделени 120 полни стипендии, односно финансиски субвенции во висина од 500 евра за лица вработени во јавен и приватен сектор кои работат на одговорни менаџерски позиции. Овие модули овозможуваат нивна доквалификација и подготовка за поцелосен и поуспешен менаџмент на активностите.
– Врз основа на она што го имаме како размена со Сити Колеџот „Шефилд“ од Солун, од каде доаѓаат најголем дел од предавачите во текот на викендот, констатирано е дека лицата кои ги поминале модулите имаат многу поцелосна и попрактична применливост на она што е стекнато како знаење во делот на секојдневното функционирање, посебно во приватниот сектор – рече Ристовски, потенцирајќи дека некои од менаџерите кои претходно биле дел од оваа Академија сега се предавачи и ги пренесуваат своите искуства.
Посочи дека за добивање на стипендијата нема посебни привилегии, единствено кандидатите треба да работат во областа за која што е деклариран модулот, односно да се дел од системот на менаџмент, претприемништво и финасии во приватниот и јавниот сектор. Приоритет при изборот за доделување стипендија ќе имаат оние кои имаат најамбициозен план и визија за она што треба да излезе како краен аутпут од стипендиите – рече Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст