| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за познат скопски џепчија

Полициската станица во Скопје поднесе кривична пријава против А.З.(31) од Скопје поради основано сомнение дека  извршил кривично  дело „кражба“ (џепна) за  што од страна на судија  на  претходна постапка  одредена   му е  мерка притвор во траење од  осум дена.

f2eifewijgerjhrth

МВР денеска соопштио дека пријавениот на 30.10.2015 година околу 10,30 часот на подрачје на Бит Пазар, дошол на автобуската постојка и искористувајќи ја гужвата која се создала, со протнување на раката во торба која оштетената ја носела на десното рамо успеал да и го украде паричникот. Веднаш по извршувањето на кривичното дело  пријавениот бил забележан од полициски службеници од ПС ОН Бит Пазар, по што бил лишен од слобода и заедно со украдениот паричник однесен во полициска станица. Со потврда од пријавениот одземен е паричникот и е вратен на оштетената. Против А.З. во временскиот период од 1998 -2015 година од страна на СВР Скопје поднесени се 25 кривични пријави за извршени кривични дела од областа на имотните деликти и кривични дела против јавниот ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top