Европската комисија одобри на Хрватска 16,43 милиони евра итна помош за подобрување на состојбата на терен поради големиот бран бегалци во земјата.
– Со оваа одлука продолжуваме со поддршка на земјите членки соочени со зголемен број азиланти и мигранти. Ставаме на хрватските власти на располагање 16,43 милиони евра за подобрување на управувањето со границите и соочување со големиот бран државјани на трети земји, изјави еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Димитрис Аврампоулос, се наведува во соопштението на ЕК.
Од 16,43 милиони евра, 3,99 се од фондот за внатрешна безбедност, а 12,43 милиони од фондот за азил, миграција и интеграција, наведува Хина.
Овие средства ќе се користат за финансирање на мерки преземени по 16 септември, со цел зголемување на надзорот на полицијата на хрватско-српската граница за подобро управување, како и за подобрување на условите во привремените прифатни центри.
Задно со овие 16,43 милиони евра итна помош, Хрватска од овие два фонда ќе добие и редовни средства наменети за периодот 2014-2020 година.
ЕК претходно одобри пакет итна помош и за Словенија во висина од 10,17 милиони евра.
со границите и соочување со големиот бран државјани на трети земји, изјави еврокомесарот за внатрешни работи и миграција Димитрис Аврампоулос, се наведува во соопштението на ЕК.
Од 16,43 милиони евра, 3,99 се од фондот за внатрешна безбедност, а 12,43 милиони од фондот за азил, миграција и интеграција, наведува Хина.
Овие средства ќе се користат за финансирање на мерки преземени по 16 септември, со цел зголемување на надзорот на полицијата на хрватско-српската граница за подобро управување, како и за подобрување на условите во привремените прифатни центри.
Задно со овие 16,43 милиони евра итна помош, Хрватска од овие два фонда ќе добие и редовни средства наменети за периодот 2014-2020 година.
ЕК претходно одобри пакет итна помош и за Словенија во висина од 10,17 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.