| четврток, 6 декември 2018 |

Умрел од туѓ рак

Колумбиец, кој бил ХИВ позитивен починал од рак кој се развил во тенијата која го нападнала неговиот желудник. Ова е прв ваков забележан медицински случај во кој пациент починал од клетки на канцер кои не потекнувале од неговото тело, пренесува „Њузвик“.

Со рендгентски снимки се утврдило дека на белите дробови и црниот дроб на 41-годишниот маж се гледаат повеќе тумори со различна големина. Тој добил лекови за ХИВ и паразити, но неговата состојба нагло се влошувала.

Клетките биле канцерогени, се размножувале многу брзо, но едноставно биле премногу мали за да бидат од човек. Збунетите лекари одлучиле да го подложат на низа тестови со кои откриле дека клетките на ракот носат ДНК од тенија. За жал, пациент починал 72 часа по откривањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top