| четврток, 6 декември 2018 |

Розова или сина: Тамара знае во која боја ќе купува бебешка облека

Поп-пејачката Тамара Тодевска е во четвртиот месец од бременоста, а ако може да се верува на чаршиските муабети, познатата пејачка носи женско дете, пренесува „Телеграф“.

tamra

Според порталот, Тодевска по сѐ изгледа нема намера да зборува за ова сѐ до нејзиниот концерт, кој ќе се случи на 27 ноември во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Пејчката неодамна се омажи за поранешниот кошаркар Александар Димитриоски – Мачка.

Тодевска летово по долга пауза го објави и својот втор музички албум, а професионалниот успех од последниве години ќе го заокружи со големиот солистички концерт.

Screenshot_1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top