Европската Унија очекува од српската влада јасно да каже што очекува од продолжувањето на дијалогот. Таков одговор до сега високиот претставник на Европската Комисија Кетрин Ештон се уште не добила, пишуваат српските медиуми повикувајќи се на извори од Брисел.
– Белград треба да ни достави свои забелешки и очекувања од продолжувањето на дијалогот пред одлуката кои би биле следните чекори во дијалогот и дали и во која форма ги продолжуваат разговорите. „Топката се уште е во дворот на Србија“, велат извори од Брисел за РТС.
Кетрин Ештон се огласи преку соопштение во кое се вели дека верува дека сите елементи на договорот за северно Косово се на маса.
– Тоа треба да биде договор на двете страни, а не е улога на ЕУ да го наметнува. Жалам поради одлуката на српската влада да ги одбие предлозите и повикувам да го сторат последниот напор да се постигне договор на добробит на сите граѓани, порача Ештон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


