| четврток, 6 декември 2018 |

Психолог го открива значењето на сништата кои најчесто ги сонувате

Уметноста на интерпретација на сништата не е егзактна, но психологот  Јан Волас  сепак има одговор на некои прашања.

235402212563c6c67c71ab337240895_v4_big

 

Тој анализирал повеќе од 150 000 сништа за време на 30 годишната  работа и направил листа на девет сништа кои луѓето најчесто ги сонуваат, нивното значење и што треба да научите од нив.

Пронаоѓање на непозната соба

Што тоа значи: Соба во некоја куќа претставува различни аспекти на вашиот карактер. Кога ќе пронајдете соба која никој не ја користи, тоа значи дека откривате талент за кој порано не сте биле свесни.

Што треба да сторите: Поминувајте повеќе време истражувајќи ги вашите таленти, за да ги отворите вратите на непознатото и тоа ви стане јаве.

Возило без контрола

Што тоа значи: Автомобилот ја претставува вашата потреба да напредувате кон некоја цел. На јаве тоа значи дека чувствувате дека немате доволно контрола на вашиот пат кон успехот.

Што треба да сторите: Наместо да се трудите да преземете контрола врз ситуацијата, Волас смета дека треба да се опуштите и да ги пуштите  основните инстинкти да го преземат „воланот“.

Паѓање

Што тоа значи:Ако чувствувате дека паѓате во сонот тоа значи дека премногу се оптоварувате со некоја ситуација на јаве. Некои работи едноставно треба да ги прифатите такви какви што.

Што треба да сторите:Наместо да се грижите поради губењето на контрола, треба да имате повеќе доверба во себе и другите и да верувате дека се ќе дојде на свое место.

snovi02_1397901005_675x0

Летање

Што тоа значи:Ако сонувате дека летате, тоа значи дека сте се ослободиле од околностите кои ве попречувале.

Што треба да сторите:Иако можеби ова чувство на слобода го припишувате на моментална среќа или случајност, обично е последица од тоа што успеавте да донесете тешка одлука и да се кренете над ограничувањата кои ги наметнува чувството на одговорност.

Неподготвени на испит

Што тоа значи: Веројатно барем еднаш сте сонувале дека излегувате пред професор потполно неподготвени. Тоа значи дека премногу критички се посматрате себе си на јаве.

Што треба да сторите: Наместо постојано да се анализирате самите себе, вистинскиот тест на вашиот карактер е да ги прифатите сопствените таленти и бидете горди на своите знаења и достигнувања.

Голи на јавно место

Што тоа значи: Секој човек одбира облека за да им се претстави себе си на другите со кои се сретнува. Тоа што сонувате дека сте голи на јавно место сугерира дека постојат ситуации на јаве кои ве прават премногу ранливи и изложени.

Што треба да сторите: Иако сте можеби срамежливи или не сакате поблиски контакти, некогаш треба да се опуштите и да се отворите кон другите за да ве видат во пол сјај.

Без тоалет на видик

Што тоа значи: Тоалет во сништата претставува основни човекови потреби.  Доколку  сонувате дека итно ви е потребен тоалет, а никаде нема ниту еден, тоа значи дека  јасно ги покажувате вашите потребите на јаве.

Што треба да сторите: Повеќе грижете се за своите од што за потребите на другите луѓе.

Заби кои испаѓаат

Што тоа значи: Забите ги симболизираат вашата самодоверба и моќ. Ако сонувате дека ви испаѓаат забите веројатно сте во ситуација во која се урива вашата самодоверба.

Што треба да сторите: Наместо некои проблеми да ги гледате како губење на моќта, обидете се мирно да размислите за фактите и да ги прифатите предизвиците.

Некој ве брка

Што тоа значи: Кога сонувате дека некој ве брак, на јаве веројатно сакате да се соочите со некој проблем или личност, но не знаете како тоа да го сторите.

Што треба да сторите: Тоа е одлична можност да прифатите некоја лична амбиција. Иако делува страшно, тоа може да ви помогне подобро да ги прифатите сопствените таленти и станете поодлучни на патот кон успехот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top