Лукас Унгер и Карли Леифкес од Калифорнија признаваат и самите дека не се традиционална двојка, а токму затоа беше сосема природно Лукас да одбере нешто невообичаено со што ќе ја побара за жена неговата девојка.
Тој решил да го искористи својот катник и да направи свршенички прстен за саканата.
Таа била воодушевена од овој негов гест: „Неверојатно сум возбудена што ќе се омажам за мојот најдобар пријател, човекот кој знае дека за мене еден заб значи повеќе од било кој дијамант. Ние никогаш не сме биле традиционална двојка, па зошто сега би требало да го менуваме тоа?“, изјавила Карли и додала:„ Кога разговаравме, му кажав дека дијамантите се преценети. Не му е потребен дијамант за да ми покаже дека ме сака. Тоа вее ми го докажа кога поради мене се пресели од Канада“.
Лукас ја запросил неговата девојка пред нејзиното семејство со зборовите: „Ти си мојата подобра половина и мојот најдобар пријател. Ценам што се жртвуваш за да бидеш со мене. Те сакам, продолжи засекогаш да танцуваш со мене низ животот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст