Дали тефлонските садови може да предизвикаат рак на црниот дроб? Минатата седмица Агенцијата за безбедност и чување на животната средина од Америка предупреди на садовите со нелеплива површина.
Перфлуоркарбон (ПФЦ) подлогата на ваквите садови се поврзува со тумор на црниот дроб и тестиси и со појава на други здравствени проблеми. ПФЦ ослободува во воздухот отровен гас кога премногу ќе се загрее.
Затоа, одбегнувајте употреба на тефлонски тави на висока температура и никогаш не загревајте ги кога се празни.
Користете дрвен или силиконски прибор за мешање и вадење на храната, бидејќи ПФЦ лесно може да се ослободи доколку површината се изгребе. Од овие причини, при готвењето користете исклучително ваков прибор.
Машините за миење садови развиваат превисока температура за тефлонот, и притоа се ослободува премногу ПФЦ за разлика при рачното миење (бидете внимателни да не ја изгребете површината со рапавата површина од сунѓерот).
Бакарните садови по готвење, може да ослободат извесна количина на овој материјал, кој може да предизвика мачнина и дијареа.
Железото, исто така, може да предизвика извесни здравствени тегоби, додека за не’рѓосувачкиот челик се верува дека е сосем безбеден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст