| четврток, 6 декември 2018 |

„Алкалоид“ го зголемува извозот, инвестира и вработува

алка

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ оствари позитивни финансиски резултати во првите девет месеци од 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во периодот јануари – септември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 5.872 милиони денари, што е за 6 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 10 отсто. Зголемување од 1о отсто е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првите девет месеци годинава достигнува 841 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 462 милион денари е зголемена за 5 отсто, покажува консолидираниот Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – септември, продажбите достигнуваат 4.492 милиони денари, што е за 3 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 811 милиони денари, бележи зголемување од околу 1 отсто, додека нето добивката е зголемена за 3 отсто.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – септември 2015 година изнесуваат 530.367 илјади денари.

Во периодот јануари – септември 2015 година во „Алкалоид“ се реализирани 79 нови вработувања во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top