| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен првиот прирачник за здрава храна „Секој има право да се храни здраво“

Станува збор за прво издание од овој тип кај нас и претставува своевиден бонтон за правилна исхрана на децата. Оваа книга има цел да им помогне и на возрасните и децата на забавен и интересен начин да го откријат вистинскиот пат кон здравата исхрана од најрана возраст. Во исто време претставува одличен прирачник за секој родител, воспитувач, едукатор или лекар кој сака да ги потенцира придобивките од правилниот начин на исхрана, особено кога станува збор за децата.
Изданието изобилува со колоритни илустрации и е збогатено со поетски и прозни творби од реномираниот писател за деца Киро Донев. Во прилог на ова издание се два постери со пирамида на здрава исхрана и пирамида на активности и додаток “Како треба да се однесуваме за време на јадење“.
Оваа книга совршено се вклопува во актуелниот контекст во кој се` повеќе се спроведуваат кампањи и активности за подигање на свеста во однос на важноста на здравата и правилна исхрана како инвестиција во здравјето на децата.
“Секој има право да се храни здраво“ е издание на Просветно дело.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top