Владата на Србија и покрај донесената регулатива за гаснење на новинската агенција „Танјуг“, сепак ќе се обиде да најде решение, објави „Блиц“.
По информациите дека и официјално престанува да постои и дека вработените ќе работат до крајот на ноември, Владата проценила дека треба да вложи напори, сепак, да се најде решение.
– Идеално би било да се најде купувач, па времето до крајот на месецот да се искористи за тоа – вели владин службеник за „Блиц“. Останува нејасно зошто досега не е најден заинтересиран купувач.
Премиерот Вучиќ синоќа остро го критикувал министерот за култура Иван Тасовац поради гасењето на „Танјуг“.
На седницата на владата премиерот на Србија рекол дека е разочаран од тоа што се случило.
– Иако бев против гасењето на „Танјуг“, ти Тасовац, не го подметна твојот грб, туку мојот грб, како и обично – рекол Вучиќ.
Министерот потврдил дека премиерот бил против гасење на „Танјуг“, но истакнал дека додека тој министерува сè ќе биде според закон, како и дека медиумите имале 15 месеци за процесот на приватизација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.