Светлана Тизу е назначена за судијка на Централниот округ на Кишињев во Молдавија во февруари оваа година преку претседателскиот декрет.
Оттогаш медиумите во земјата не ја испуштаат од вид, како поради нејзините професионални способности, така и поради нејзиниот надворешен изглед.
Иако законот во Молдавија вели дека судиите треба да се однесуваат на начин кој не го навредува имиџот на судскиот систем, Тизу се уште не се соочува со дисциплински постапки поради фотографиите, иако на дел од нив е во краток розов фустан или пак со кратко здолниште и чизми до колена.
Ова не е првата жена судија во Молдавија, чии фотографии се жешка тема во медиумите и во јавноста.
Минатата година Марија Козма, исто така судија, но и внука на претседателот на Врховниот суд во земјата, предизвика хистерија на социјалните медиуми, откако на „Твитер“ објави своја фотографија во бикини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.