| четврток, 6 декември 2018 |

Привремен сообраќаен режим на улицата „Трета македонска бригада“

Дел од улицата “Трета македонска бригада“, на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“, в недела на 8 ноември ќе биде затворена за сообраќај.

Ulica-Treta-makedonska-brigada-0201e
Како што соопшти Град Скопје, привремениот сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 17 часот е поради изведување на прекопи за поставување подземни инсталации.
Од Градот апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top