Различни држави, значи различни култури со обичаи, традиција и менталитет поразлични од другите. Токму на оваа тема се отвори дискусија на Reddit, каде корисници од насекаде во светот споделуваат нешта што ги шокирале кога посетиле некоја држава.
1. „Кога живеев во Јапонија, имаше радио станица што се викаше „Rokki“ што ја пушташе тематската песна од филмот „Rocky“ 24 часа во денот, 7 дена во неделата.“
2. „Кога бев во Њујорк се изненадив колку ми изгледа познато сè. Сфатив дека сум изгледал премногу филмови и серии снимено во Менхетн, бидејќи секаде ми изгледаше познато.“
3. „Се изненадив колку е чисто во Јапонија. Можеш да поминеш цел цел во Токио и да се измачиш да најдеш барем хартивче од мастика на земја. Навистина неверојатно.“
4. „Живеев во Германија каде сретнав студент на размена од Бангладеш, кој беше шокиран од фактот што возачите застануваат на црвено светло, иако нема пешаци или други автомобили наоколу. “
5. „Луѓето изгледа цело време пијат пиво во Чешка. Водичот ни кажа дека понекогаш работниците пијат по неколку пива за ручек и после продолжуваат со градежните работи.“
6. „Се изненадив од фактот што во САД данокот не е вклучен во цената што ја пишува на производот!“
7. „Шокиран сум од недостатокот на одговорност во Бали, кога станува збор за служење алкохол. Ако покажеш мали знаци на алкохолизирана состојба во паб во Австралија, веднаш престануваат да те служат. Во Бали ќе ти даваат пијачки додека си на подот и повраќаш, сè додека имаш пари да платш.“
8. „Изненаден сум од тоа колку писоари се појавуваат од нигде-никаде на улиците на Лондон“.
9. „Во Кина се продава пиво во ќеси!“
10. „Таксист Романија ми се изнасмеа кога го ставив сигурносниот појас.“
11. „Поминав неколку недели во Кина, каде највеќе ме шокираше фактот што редовно гледав деца кои вршеа голема нужда на тротоар, во јавност.“
12. „Во повеќето ресторани во Германија, наплаќаат за кечап!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст