ОВЕН
Денес ќе го забрзате темпото за да го постигнете она што сте го зацртале. Ако постои можност ќе вклучите и еден член од семејството во работата за да бидете сигурни дека се оди по план. Нервозата и проблемите со сонот продолжуваат. Ќе морате да најдете начин да се ослободите од стресот. Промената на комуникација со партнерот ви носи привидно смирување на односите и краткотраен одмор од расправиите. Бидете внимателни и не правете го партнерот љубоморен, тоа може скапо да ве чини.
БИК
Свесни сте дека повеќе немате право на грешки. Кредитот одамна го имате потрошено и единствено што ви преостанува е да го намалите слободното време и да се фатите за работа. Потребата да ги споите работата и задоволството секојдневно ве одвлекува од целта. Време е да бидете сериозни и да се однесувате со респект кон работата. Доколку сте заинтересирани за некој кој не дава никакви знаци на симпатија кон вас, не предавајте се. Личноста едноставно сака да си даде време и добро да ве процени, пред да почне да реагира.
БЛИЗНАЦИ
Денес ќе се обидете да се одморите од секојдневните ангажмани и да направите стратегија за следниот период. Можна е понуда од една личност која многу ветува, а колку ќе исполни, ќе покаже времето. Време е да направите интроспекција и да одговорите на некои прашања кои долго си ги поставувате. Бегањето од одговорите не е решение и не може да придонесе за вашата иднина. Приливите ви се стабилни, но време е да почнете да ги контролирате трошоците. Имате шанса да го продлабочите познанството преку социјалните мрежи. Обидете се, немате што да изгубите.
РАК
Честите состаноци и работни средби нема да ве одминат и денес. Можен е краток пат и средба со некои соработници од странство. Целата енергија ќе ви биде насочена кон успешно завршување на зделките. Ако сте невработени или сакате да ја смените работата, денес ќе добиете позитивна информација. Раковите што се во врска денес може да дојдат во искушение и да испијат кафе со една личност од минатото. Не загрозувајте си ја врската само за да си докажете дека се уште сте пожелни. Некои работи не можат да останат тајна.
ЛАВ
Не е време за повлекување. Дојдени сте до точка кога секое повлекување ќе ве повлече назад и ќе ги поништи сите досегашни напори. Ако имате дополнителна работа, направете пауза и фокусирајте се на она што континуирано ви носи приходи. Бидете внимателни кон партнерот и обидете се да ја прикриете љубомората. Доколку продолжите да го контролирате партнерот и секојдневно да му приредувате љубоморни сцени, може да дојде до она што најмалку го сакате. Партнерот веќе почнува да го губи трпението.
ДЕВИЦА
Ако имате сопствен бизнис, денес ќе бидете задоволни од реализацијата. Еден член на семејството ќе се обиде да се вклучи и на ваше големо задоволство, добро ќе се вклопи во работата. Искористете го периодов за да ги остварите сите амбициозни планови што сте ги зацртале. За вас не постојат граници, се што ќе започнете ќе завршите со голем успех. Финансиите се уште не се онакви какви што очекувате, но прашање на ден е кога средствата ќе почнат да пристигаат. Партнерот ве поддржува, но тој сонува некој свој сон и подобро е да не го будите.
ВАГА
Трпите напади од сите страни. Колегите се однесуваат агресивно и се обидуваат да ги преземат вашите заслуги. Чувствувате како да сте во темница и не гледате светло на крајот од тунелот. Не вознемирувајте се. Работите ќе се сменат за неколку дена и повторно ќе бидете весели и расположени. Партнерските односи ви се загрозени и време е да преземете нешто да ги смените. Чекањето ситуацијата да се реши сама од себе не е решение. Ако сте сами, денес е можен контакт со една личност која е поврзана со вашата работа.
СКОРПИЈА
Денес ќе бидете задоволни од постигнатото и нема да се обидувате да се докажувате со колегите. Имате тежок период зад себе и ништо веќе не сфаќате здраво за готово. Ветувањата што ги добивате не ви значат ништо. Ако сте невработени, денес е можна шанса за работа. Можеби тоа не е она што го сакате, но од некаде морате да почнете. Ако сте слободни, престанете да се вртите во круг и почнете да излегувате на места каде што можете да сретнете конкретна личност. Време е да престанете да сонувате за нешто што нема да се оствари.
СТРЕЛЕЦ
Имате преземено сериозни чекори да си го подобрите статусот. Притисоците што ги имате ве исцрпуваат и потребна ви е не само помош, туку и поддршка. Но, како што обично станува, оние што треба да ви помогнат никаде ги нема. За жал, ќе морате сами да ја завршите работата што ја имате започнато. Не губете надеж, затоа што на крај никому нема да му бидете благодарни за успешно завршената работа. Ако сте слободни и покрај шансите што ги имате, вие никако не можете да направите избор. Можеби само се работи за страв од губење на слободата.
ЈАРЕЦ
Кариерата ви е во прв план и се што преземате е да си ги подобрите позициите на работното место. Доколку работите во некоја државна институција, можно е да добиете унапредување. Студентите и учениците јарци, денес ќе ги дочекаат своите пет минути. Ако сте слободни, денес е можно да стапите во контакт со некој што доаѓа од далеку. Можно е и да се работи за личност од странство која ќе ја запознаете преку социјалните мрежи. Можеби овој начин на комуникација не ви влева сигурност, но не дозволувајте поради сомнежите да ја пропуштите шансата.
ВОДОЛИЈА
Ако работите во некоја финансиска институција или работите со финансии, денес можете да очекувате некое изненадување. Изненадувањето може да биде покачување на примањата или напредување на повисоко работно место. Водолиите што имаат намера да го сменат работното место денес ќе добијат поддршка од една личност на висока положба. Обземени сте со себе и со своите потреби и воопшто не го забележувате партнерот. Обрнете внимание затоа што неговото молчење можеби значи затишје пред бура.
РИБИ
Имате многу работа и веќе чувствувате замор. Наместо да се радувате на новите понуди, чувствувате потреба за одмор и за нова страница во животот. Денес е можен финансиски прилив кој добро ќе ви дојде да покриете некои трошоци. За жал, трошоците не успевате да ги контролирате и парите ви се лизгаат низ прстите. Партнерот е обземен со својата работа и повеќе мисли на своите проблеми отколку на вас. Тоа повремено ве депримира, но сметате дека ништо не можете да смените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.