Делегација на Слободната сириска армија се согласила да се сретне со претставници на руските министерства за одбрана и за надворешни работи.
Средбата ќе се одржи идната недела во Абу Даби, јавија руски медиуми.
За согласноста потврдил Махмуд ал Афанди, еден од координаторите на преговорите меѓу претставници на Армијата и на руската страна.
Тој појасни дека средбата ќе се одржи кон крајот на идната недела. Афдани вели дека е постигната согласност за средбата и на неа ќе учествуваат претставници од 28та бригада на Слободната сириска армија од предградија на Дамаск, од Кунтера, Хама и западното предградие на Хомс, како и од Алепо и Идлиб.
На средбата ќе се разговара за прашањето на гарантирање безбедност на ССА од нападите на владините сили, тврди Махмуд ал Афанди.
Руски медиуми јавуваат дека цел на средбата е активирање на работата на заедничкиот штаб, договорен претходно во Москва и борбата против ИД и Џебхад ал Нусра.
Друга тема ќе биде барање политичко решение за сириската криза по победата врз ИД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



