Јелена Карлеуша пред неколку часа на нејзиниот профил на Фејсбук сподели текст кои предизвика масовна „ хистерија“ кај нејзините фанови.
Дали навистина Карлеуша повеќе нема да снима песни?
Со видео од нејзиниот концерт на белградското Ушќе од 2013 година, пејачката напиша:
-Во Србија а и во регионот не постои уметник кој повеќе вложувал во кариерата, уметник кој имал подобри продукциски концерт, спотови, албуми, настапи, мултимедија…од мене. Исто така не постои уметник кој повеќе се трудел на публиката да и го даде најдоброто, да ги изместува границите, создава трендови, го доближува светот…од мене. Секоја секунда, секој фрејм од мојата работа е тоа што може со гордост да му се покаже на сетот. Сето тоа го правев пред 3,5,10 години и се уште на овие простори никој не го допрел, Во секоја смисла. Јас сум единствен поп пејач од овие простори кој го целиот свет го знае. И го почитува. Ми пишуваат , ме фалат ми се јавуваат…Но…Не постои ниту личност, жена, уметник кој повеќе е омаловажуван, навредуван, напаѓан, сопнуван, забрануван. Мене Србија ми нанесе многу омраза и зло. И сега, јас повторно треба на сета таа омраза, да продолжам да вложувам и создавам, правам нови песни, албуми концерти. За да повторно преживеам линч и непочитување од страна на клошари и несреќни платенички креатури?!- се отвори ЈК за јавноста и додала: Мене Србија ме уби со омразата. Мојата волја и желба.
Фановите со брзина ана светлината почнаа со коментари полни со поддршка, молејќи ја да продолжи со кариерата поради тие кои ја сакаат и ја слушаат.
Маркетинг, сериозен став или нешто трето останува да видиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.