Екипата на Металург во своите редови деновиве го доведе словенечкиот ракометар Давид Шпилер и веднаш го задолжи со дресот со број 13. Куриозетет на целиот случај е што со години овој број на грбот го носеше македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски, кој е жива легенда на екипата бидејќи неговите почетоци се поврзани со тимот од Автокоманда. По неговото заминување управата на клубот се реши да го „повлече“ овој број во историјата, што значи дека никој друг нема право да го носи.
Сепак, по само неколку месеци клубот повторно ја „активира“ 13-ката и нагло го заборави популарниот Жути, а на сѐ тој реагираше со ироничен коментар на социјалната мрежа „Фејсбук“.
– Ја дадоа 13-ката, сега се чини на ред се парите да ни ги дадат – напиша Миркуловски и притоа ги означи и имињата на неколкуте негови соиграчи од златна генерација на Металург, Мансков, Ојлевски, Јоноски, Георгиевски.
Со ова македонскиот репрезентативец како да сакаше да потсети дека управата на клубот сè уште ги нема расчистено сметките со дел од играчите што на двапати играат во четвртфиналето на Лигата на шампионите и беа шампиони на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.