| четврток, 6 декември 2018 |

Кога ќе се спојат Игор Џамбазов, Весна Бејби и Тони Михајловски – наскоро триото во нова претстава

igor-toni

Игор Џамбазов се враќа на тетатарската сцена. Иако најавуваше дека доколку се случи тоа, ќе биде по вина на неговиот колега и пријател Тони Михајловски, во приказната влезе жена – актерката Весна Петрушевска Бејби. Иако Игор и Весна имаа низа несогласувања во приватниот живот, што беше објавено и во книгите на Џамбазов, се чини старите пријатели минатото го оставија зад себе.

По Но­ва го­ди­на јас и Весна  ќе на­пра­ви­ме не­што што ни­кој не го оче­ку­ва. И по­крај сѐ што ни се слу­чи во жи­во­тот, зна­еш, го­ди­ни­те си го пра­ват сво­е­то, ко­га се­га зна­е­ме де­ка двај­ца­та за­ед­но има­ме 100 го­ди­ни, не мо­же­ме да се од­не­су­ва­ме ка­ко да има­ме по 20 го­ди­ни. Не­кои ра­бо­ти во жи­во­тот се про­сту­ва­ат, ама не се за­бо­ра­ва­ат, ама мис­лам де­ка ние си про­стив­ме, но и за­бо­ра­ва­ме – изјави неодамна Џамбазов во интервју за „Република“.

vesna-igotr-hitportal

Тој додаде дека Весна Бејби го убедила да се вра­ти, не во те­а­тар, но да се вра­ти на сце­на со ед­на прет­ста­ва.  Сега се најавува дека Весна и Игор ќе бидат актери во дуо-драмата, додека Тони ќе се најде во улогата на режисер.

Весна пак, во интервју за „Република“ од пред две години зборува токму за она што се случи меѓу неа и Игор:

-На­ша­та љу­бов не мо­же да згас­не ни­ко­гаш. Има­ме не­до­раз­би­ра­ња, но ние се раз­би­ра­ме. Јас со Игор сум вр­за­на мно­гу по­ве­ќе од што мис­лат не­кои. И не­ма да доз­во­лам ва­кво не­што. Ме има на­пи­ша­но во кни­га… Тоа е не­го­во пра­во, та­ка чув­ству­ва. Не­ма да му се на­лу­там. Мо­же­би на кра­јот од де­нот јас сум го по­вре­ди­ла, а не сум би­ла свес­на за тоа. И се­га со мо­е­то од­не­су­ва­ње му до­ка­жав де­ка сум му ло­јал­на до крај и та­ка ќе би­де. Игор ми ре­жи­рал Ме­ре­лин Мо­нро… бил единс­тве­ни­от што ве­ру­вал во ме­не во тој мо­мент. Сме игра­ле прет­ста­ви за­ед­но. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top